Аналитичари: Велика Британија најверојатно ќе ги зголемува даноците

epa09000952 Britain's Prime Minster Boris Johnson departs his official residence at 10 Downing Street to attend Prime Ministers Questions at the Houses of Parliament in London, Britain, 10 February 2021. EPA-EFE/NEIL HALL

Велика Британија може да ги зголеми даноците за околу 84 милијарди долари ако министерот за финансии Риши Сунак сака да го пополни дефицитот во буџетот, објави Институтот за фискални анализи.

– Можно е да видиме доволно брз раст така што големите дефицити да се порамнат сами од себе, изјави Пол Џонсопн директор на Институтот. Но тоа не е главното сценарио, зголемувањето на даноците во иднина ќе биде многу веројатно, тврди тој.

Според анализа која се повикува на прогнози на Ситигруп, последиците овој пад на економијата невиден во изминатите три века, може да се полоши од анализите на Службата за буџетска одговорност дадени во ноември.

Во основното сценарио за државата, дефицитот ќе биде околу 130 милијарди фунти до средина на декадата, 30 отсто повеќе од прогнозата на Office for Budget Responsibility. Ако економијата успее да се „врати” со помалку штета, дефицитот ќе падне до нивоа пред пандемијата од околу 50 милијарди фунти. Владата ќе земе заем од 400 милијарди фунти, околу една петтина од размерот на економијата во тековната фискална година.

– Сакаме оваа блокада да ни е последна. Напредокот треба да биде внимателен, изјави премиерот Борис Џонсон.

Пред неколку дена стана јасно дека Владата разгледува план за зголемување на даноците за технолошките компании и компаниите за онлајн трговија. Според Сандеј тајмс, Владата планира и „данок на прекумерен профит” за компании чии приходи многу пораснале поради кризата со Ковид-19.

Буџетот треба а биде претставен на 3 март, но дотогаш не се очекува промените да влезат во сила. Според Блумберг, можно е тие да бидат одобрени подоцна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот