Ана Стојков по 11 години си замина со РК Вардар

Фото: Ана Стојков/Фејсбук

Ана Стојков која ја извршуваше функцијата директор во РК Вардар 1961 објави дека заминува од клубот.

Цели 11 години Стојков беше дел од црвено-црното семејство, па така беше сведок и на историските титули во Лигата на шампионите, ниво од кое Вардар денес е далеку.

Своето сзаминување, Стојков го потврди со соопштение до медиумите.

„Сакам да ве информирам дека на крајот на овој месец заминувам од РК ВАРДАР 1961, по 11 години професионална работа. Ми беше задоволство да соработувам со вас во изминатите години. Ви посакувам се најдобро, како во професионалниот така и во приватниот живот во иднина“, стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот