Американски бизнисмен го купи и шестиот фудбалски клуб во Европа

Холандскиот Ден Хааг во сопственост на спортскиот тајкун Дејвид С. Блицер/Фото: facebook.com/ADODenHaag

Американскиот бизнисмен Дејвид С. Блицер стана вистински спортски тајкун откако купи пакет менаџерски акции и во својот шести фудбалски клуб во Европа.

Тој има сега има и сопственички права во АДО Ден Хаг од Холандија преку неговата компанија „Глобал фудбал холдингс“. Претходно, Блицер ги стекна сопственичките права и на Кристал Палас во Англија, Аугсбург во Германија, Васланд Беверен во Белгија, Алкоркон во Шпанија и Есторил во Португалија.

Секако, тој не е целосен сопственик на споменатите тимови, но сигурно има големи удели во нив и поседува огромни права врз нив.

Не само што има фудбалски клубови, тој е и акционер во неколку спортски тимови во САД, особено во НБА тимот Филаделфија Сиксерс и НХЛ клубот од истиот град.

Блицер поседува и удел во бејзбол лигата, а поседува и спортски тим наречен Дигнитас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот