Американската скијачка Шифрин го израмни рекордот на легендарниот Ингемар Стенмарк

фото: EPA-EFE/Stian Lysberg Solum

Американската скијачка Микаела Шифрин победи во велеслалом, трка од Светскиот куп во Оре и го израмни рекордот на Ингемар Стенмарк од 86 победи.

Шифрин беше прва и по првото возење, а победи со резултат 1:54,86 минути. Американката го израмни апсолутниот рекорд на Стенмарк, кој во 70-те и 80-те години од минатиот век постигна 86 победи.

Тоа беше 20 победа на Шифрин во велеслалом во Светскиот куп, од кои шест постигна оваа сезона и го освои малиот кристален глобус на оваа дисциплина.

Во велеслалом е прва со недостижни 700 бода, пред Петра Влхова (Словачка) која има 486.

Второто место на денешната трка го освои Италијанката Фредерика Брињоне со 0,64 секунди заостанување. Швеѓанката Сара Хектор ја помина целта на третото место со заостанување од 0,92 секунди.

Четврта беше Влхова, петта Швајцарката Теса Ворли, а на шестото место се најде Канаѓанката Валери Грение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот