Американците се откажуваат од пушење, цигарите им се прескапи, а данокот за тутун сѐ повисок

Unsplash
Фото: Unsplash

Бројот на пушачи во САД достигна ново ниско ниво минатата година, бидејќи секој девет возрасен вели дека активно пуши, покажа новото истражување. Резултатите од истражувањето на американскиот Центар за контрола и превенција на болести се засновани на анкета на повеќе од 27.000 возрасни лица.

Бројот на пушачи се намалува со децении, поради повисоките даноци на тутунот, зголемените цени на тутунските производи, забраната за пушење и зголемената свест за опасностите од пушењето.

Во средината на 1960-те, во САД имало 42 отсто пушачи, а минатата година само 11 отсто. Во 2020 и 2021 година имало 12,5 отсто пушачи.

Од друга страна, истражувањето покажало дека е зголемена употребата на електронски цигари, што ги користи секое 17. возрасно лице. Бројот на корисници на електронски цигари во САД минатата година се зголеми на речиси шест отсто, додека во 2021 година беше 4,5 отсто.

Околу два отсто од американските средношколци пушат цигари, додека 14 отсто користат електронски цигари, покажуваат податоците на Центарот за контрола и превенција на болести

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот