Амал Клуни поднесе оставка од функцијата специјална претставничка на Британија за слобода на медиумите

Profimedia
Фото: Profimedia

Амал Клуни, истакната адвокатка за човекови права, поднесе оставка од функцијата специјална претставничка на Велика Британија за слобода на медиумите во знак на протест против намерата на Владата да го прекрши меѓународното право со донесување закон за внатрешен пазар.

„Во жестоката осуда на заканата на британскиот премиер Борис Џонсон дека ќе ги прекрши британските меѓународни договорни обврски во договорот за повлекување од ЕУ, таа ги оцени постапките на Владата како жалосни”, објави „Гардијан”.

Нејзината оставка следи откако Рикард Кин, владин правен службеник за Шкотска, поднесе оставка во средата, бидејќи се спротивстави на истиот закон.

Една недела порано, главниот владин адвокат Џонатан Џонс исто така поднесе оставка додека министрите се подготвуваа да го објават законот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот