Алонсо „наострен“ за прва победа сезонава, ГН на Монако му одговара

EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Искусниот Шпанец, кој има четири трети места, знае добро да се снајде на патеката во Монте Карло, каде победил двапати во кариерата. Неговиот Астон Мартин е добар во свиоците, она што е потребно в недела

Фернандо Алонсо ќе се обиде да ја прекине победничката серија на Макс Верстапен и Ред Бул и да ја оствари својата прва победа од 2013 година овој викенд во 80. издание на трката за Големата награда на Монако во Формула 1.

Алонсо и неговиот тим од Астон Мартин прават планови за да дојдат до победа на гламурозната улична патека, каде што Шпанецот триумфираше со Рено во 2006 година и со Мекларен во 2007 година.

По четири трети места од пет трки, Алонсо (41) сезонава е најголема закана за двократниот шампион Верстапен и неговиот тимски колега Серхио Перез и атракција во „циркусот“ како стар волк со незаменливо искуство.

– Имаме автомобил кој можеби не е најбрз на правите делови од патеките, но многу добар во свиоците. Таа особина е добро за патеките што се побавни како Монако и Будимпешта и Сингапу – вели Алонсо.

Фернандо е трет во генерален пласман за титулата кај возачите со 75 поени, зад Верстапен кој има 119 поени и Перез, кој е специјалист за улични патеки, лани победи во Монако, а победи и неодамна во Џеда, Саудиска Арабија и во Баку, Азербејџан, а има 105 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот