Алиоски: Посакуваме победа над Малта и старт со три бода

фото: Драган Митрески/Слободен печат

Македонската А репрезентација на 23 март во Скопје против Малта (20.45 часот) на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје ќе ги започне квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 Германија.

Селекторот Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери на кои ќе смета за споменатиот натпревар, како и за контролниот меч на 27 март против Фарски Острови.

Во нашата квалификациска група „Ц“ се и селекциите на Италија, Англија и Украина.

Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски посакува успешен старт во новиот квалификациски циклус за ЕП.

– Среќни сме што после неколку месеци повторно се собираме со репрезентацијата на Македонија. Започнуваме нов квалификациски циклус и секако дека посакуваме победа над Малта и старт со три бода. За нас е исклучително важно успешно да ги започнеме квалификациите затоа што потоа ни следуваат многу посериозни натпревари во силната група со Англија, Италија и Украина. Посакувам сите да бидеме здрави и комплетни и верувам дека ќе го дадеме најдоброто од себе. Ќе се обидеме да одиграме одлични натпревари за успешни квалификации после историските резултати во последните години – вели Алиоски.

Милевски го објави списокот: Со еден дебитант против Малта и Фарски Острови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот