Алегри: Погба одлучи да го оперира повреденото десно колено

Неизвесен настапот на Пол Погба на Мундијалот во Катар/Фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Фудбалерот на Јувентус, Пол Погба одлучи да го оперира повреденото десно колено, на два и пол месеци пред почетокот на Светското првенство во Катар, соопшти денеска тренерот на „Старата дама“, Масимилијано Алегри.

– Погба утринава излезе на тренинг, но застана и реши да се оперира – рече Алегри на прес-конференцијата во пресрет на натпреварот од Лигата на шампионите против ПСЖ.

Французинот доживеа повреда на коленото во јули, но потоа реши да не оди на операција за да ги зачува шансите да биде дел од репрезентацијата на Франција на Светското првенство 2022.

На почетокот на август беше одлучено тој да оди на „конзервативна терапија пет недели“, но тој третман не ги донесе посакуваните резултати.

Погба се врати во Јувентус во летниот преоден рок, откако помина шест години во редовите на Манчестер јунајтед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот