Албанските градови празни

ФОТО: МИА

Семафорите работат попусто бидејќи нема пешаци, ниту возила по улиците

Вчера и денеска, кога владата прогласи полициски час од 13 до 5 часот наутро, „цела Албанија е во карантин”.

Оваа констатиција ја пренесуваат албанските медиуми поради фактот што во цела земја владее тишина.

Тоа го потврдуваат снимките и фотографите од кои може да се види дека по улиците може да се забележат само полицијата, армијата, возилата на специјалните државни служби и по некоја медумска екипа.

-На 14-от ден по појавата на коронаврусот во Албанија улиците се празни. Семафорите работат попусто бидејќи нема пешаци, ниту возила по улиците,наведува телевизијата Ора њуз.

За „непослушните” поради непочитување на препораките и мерките следуваат казни. Само во последнте 24 часа изречени се 154 парчни казни во висина од по 10.000 леки, додека на 129 лица им се одземени возилата и возачките дозволи.

Доколку евентуалнте групи граѓани не се разотидат по советот на полицијата, Владата дозволи полицијата да употреби и солзавец.

Во земјата по ново дјагностицираните 13 случаи на коронавирус, бројот на заразените со овој опасен вирус се зголеми на 89. Тројца од заболените се веќе излекувани, додека двајца починаа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот