Албанија ја поздрави новата методологија за преговори на ЕУ

Знаме на Албанија и ЕУ/ фото:МИА

Според албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Гент Цакај, процесот на проширување на Европската унија јасно бара повеќе кредибилтет, предвидливост, поголема политичка поддршка и подинамичен развој.

Овластениот албански министер за Европа и надворешни работи, Гент Цакај, преку статус на Фејсбук, го поздрави објавувањето на новата методологија за процесот на пристапување во ЕУ, додавајќи дека Албанија е подготвена.

„Ја поздравуваме новата методологија подготвена од Европската унија за продолжување на процесот на проширување со Западен Балкан. Албанија е подготвена да продолжи со суштинските реформи и темелна трансформација во согласност со принципите на новата методологија и со нетрпение очекува отворање на разговорите за пристап во текот на 2020 година”, напиша Цакај.

Според него, процесот на проширување на Европската унија јасно бара повеќе кредибилтет, предвидливост, поголема политичка поддршка и подинамичен развој.

„Новата платформа на Европската комисија е исто така долгорочна геостратешка инвестиција во стабилноста, развојот и демократизацијата на Западен Балкан во целина, заклучува Цакај.

Инаку, ЕУ денеска ја објави новата методологија за преговори, која треба да биде усвоена од европските лидери на првиот состанок на Европскиот совет годинава кој ќе се одржи на 26 март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот