Албанец баран од Интерпол приведен во Скопје

Апсење / Фото: МИА

Албанец е приведен од македонската полиција откако бил баран со меѓународна потерница од Интерпол Грција.

„На 21.09.2023 во 17.00 часот во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка го лишиле од слобода Н.Н.(44) од Република Албанија поради тоа што се барал по меѓународна потерница од Интерпол Грција“, информираат од МВР.

 

Тој бил задржан во Полициската станица Кисела Вода, по што бил спроведен во Основен кривичен суд Скопје 1 за понатамошна постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот