Алба Берлин трета година по ред шампион на Германија

Фото: EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Кошаркарите на Алба Берлин ја продолжија доминацијата во германскиот шампионат откако во финалето на плеј-офот со 3:1 во победи го совладаа Баерн Минхен.

Победата која им ја донесе третата титула по ред за Алба, а вкупно 11 во клупската историја е остварена во Минхен и тоа со 96:81. Играчите на Алба одлично го започнаа натпреварот, направија серија 11:0 и до крајот не ја испуштија предноста која во третата четвртина достигна највисоки 25 поени.

Најдобри во редовите на Алба беа Смит со 23, Тиеман со 15 и Блат со 14 постигнати поени.

Во редовите на Баерн кој настапи ослабен од неиграњето на Владимир Лучиќ, Дарун Хилијард, Кори Волден и Леон Радошевиќ, Рубит постигна 15 поени.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот