Алаѓозовски: Одговорноста за успешен попис е на сите

Фото: МИА

Податоците кои ќе се добијат од најобемната статистичка операција која веќе е започната во прва фаза, а која повеќе од 19 години не е направена во нашата земја ќе помогнат за рамномерен регионален развој, кој треба да е инклузивен и да ги опфати сите општини каде живеат етничките заедници, со цел да се насочат правилни политики и мерки за планирање успешен економски и социјален развој.

Ова го порача националниот координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, Роберт Алаѓозовски на денешната средба со претставници на бошњачката заедница во земјава, кои учествуваат на различни нивоа во општествените и граѓански процеси.

На средбата, информираат од владината прес-служба, присуствуваше и Јасмина Ѓорѓиева, координатор на Секторот за дисеминација и односи со јавноста во Државниот завод за статистика, која присутните ги информираше за процесот на попишувањето и за сите детали кои од страна на Заводот се преземени за успешно спроведување на Пописот 2021.

На средбата беше истакнато дека успешно спроведената методолошка операција ќе помогне и во динамизирање на целите интегрирани во Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот донесени од Владата за 2020-2022 година, односно на Акцискиот план кој помага за поуспешно остварување на овие заложби.

Присутните претставници на бошњачката заедница информираа дека и формираното Координативно тело на бошњачките организации за Попис 2021 е со цел да се поддржи Пописот и да се оствари успешна транспарентна и инклузивна операција, со што помасовно учество на сите граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот