Активни два пожари, пожарот кај с.Фурка локализиран, утрово се догасува

Ер трактор на ДЗС/Фото: ЦУК

Пожарот кај с.Фурка нема активно горење, локализиран е во 19.00 часот. Останати се екипи на Дирекцијата за заштита и спасување, другите се повлечени, а според раноутрински информации и план ќе се догасува, соопшти Центарот за управување со кризи.

Шумскиот пожар во планината помеѓу с. Вапила и с. Расино, Охридско, е се уште активен. Гори деградирана шума. Екипите се повлечени од терен.

По дојава, за пожар во местото од Куманово на кај Скопје по стар пат, конкретно кај с.Никуштак известени се:  ТППЕ Куманово, лицето за контакт со Општина Липково и командирот на Полициска станица Матејче. Подетални информации од ЦУК најавуваат по пристигнување на екипите на терен.

Пожар има и кај с.Доброшинци, гори депонијата. Известена е ТППЕ Струмица за да преземат понатамошни мерки за гаснење на пожарот, наведуваат од ЦУК

Од добиените податоци од дежурниот во ТППЕ Кичево во с. Другово, Кичевско, е запалена плевна, а е непотврдено дека е зафатена и една куќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот