Активисти на „Гринпис“ спречуваат руски гас да стигне до Финска

Фото: EPA-EFE/SIESE VEENSTRA

Активистите на организациајта „Гринпис“ денеска блокираа испорака на руски гас до терминалот за течен природен гас во Торни, северна Финска.

Активистите се качиле на бродовите и спречиле рускиот гас да биде истоварен. Поради тоа, двата брода се надвор од терминалот, во близина на шведската граница.

– Целосно е неприфатливо рускиот гас сè уште да биде дозволен да циркулира во Финска, повеќе од шест месеци по почетокот на инвазијата на Путин врз Украина, изјави Оли Таинен од „Гринпис“.

Тој додаде дека Владата на премиерката Сана Марин веднаш треба да го забрани целиот увоз на руски фосилни горива.

Засега нема европски санкции на увоз на гас од Русија, санкциите се воведени само за нафта и јаглен.

Русија во мај ја прекина испораката на гас во Финска, наведувајќи проблеми со плаќањата, но рускиот течен природен гас продолжи да се испорачува со брод.

Минатата недела, активисти на „Гринпис“, исто така, ја блокираа испораката на руски гас на терминал за природен гас во близина на Стокхолм, Шведска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот