Актерката Мили Боби Браун откри зошто не сака нејзиниот свекор Џон Бон Џови да ѝ пее на свадбата

Фото: EPA

Актерката Мили Боби Браун (19) пред речиси шест месеци се сврши со Џејкоб Бонџови (20), син на познатиот музичар Џон Бон Џови (61). Моментално тие ја планираат својата венчавка, а Мили во интервју за „Тудеј“ откри зошто не сака свекорот да ѝ пее на нејзиниот посебен ден.

Таа во интервјуто раскажа како се одвива целиот процес на организација и откри дека и двајцата се многу возбудени.

„Џејк е навистина вклучен. Тој помага во текот на целиот процес. Никогаш не сум се чувствувала како да сум сам во ова и мислам дека тоа е навистина убаво. Цело време размислувам: „Дали е ова добра идеја?“. Но, на крајот, тоа е интимен ден за нас двајца и многу сме возбудени“, изјави Мили.

Меѓу останатите детали, Мили откри и дека не сака нејзиниот свекор да ѝ пее на свадбата, бидејќи заслужува пауза.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

„Мислам дека ќе изгледа како да приредувам шоу за сите други. Верувам дека човекот заслужува одмор. Тој не запира. Секогаш е на тенис или на тренинзи за пеење. Мислам дека му треба пауза. Тричасовна пауза“, објасни таа.

Откако Мили и Џејк се свршија во април оваа година, многумина коментираа дека се премногу млади за да се венчаат. Но, Џон Бон Џови не се согласи со нив и во едно интревју изјави дека не гледа проблем во тоа што ќе стапат во брак толку млади.

„Не знам дали возраста е важна. Знаете, ако го пронајдете вистинскиот партнер и растете заедно, мислам дека тоа би бил и мојот совет…навистина е мудро да растете заедно. Мислам дека сите мои деца ги најдоа луѓето со кои мислат дека можат да растат заедно и сите ни се допаѓаат“, изјавил пејачот.

Инаку, Мили Боби Браун и Џон Бон Џови се запознаа пред три години. Таа откри дека пред да влезат во романтична врска, тие се запознале на Инстаграм и дека на почеток биле само пријатели.

ФОТО | „Ти сѐ уште си дете“: Мили Боби Браун се сврши со синот на Џон Бон Џови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот