Фото: Lorenc Jemini

„Ако ја победиме Србија 0-1, ќе го соблечам дресот, а ако дадеме повеќе голови, и сè останато“

Фудбалските репрезентации на Србија и Албанија ќе ги одмерат силите оваа сабота од 20:45 часот во Лесковац, во рамки на квалификациите за Светското првенство. Натпреварот има особена тежина,  не само поради резултатскиот влог, туку и поради долгогодишните тензии што постојат меѓу двете земји.

Двете селекции се во трка за второто место во групата „К“, кое носи пласман во баражот за Мундијалот. Англија е веќе недостижна на врвот со максимален број бодови и импресивен биланс без примен гол. Во овој момент, Албанија има еден бод предност пред Србија, но Србите се и со наатпревар помалку.

Пред натпреварот, дополнителна тензија внесе и изјавата на поранешниот албански фудбалски судија, сега ТВ аналитичар и водител Лоренц Јемини.

„Се надевам на голем ден за албанската репрезентација. Доволно ми е победа од 0:1. Ќе биде тешко, го велам тоа како навивач. Ако победиме 0:1, ќе се соблечам во студиото. Натпреварот ќе го гледам во дресот на репрезентацијата, а ако дадеме повеќе голови, можеби ќе соблечам и сè останато.“

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот