Акција на бугарската царина: Запленети 1,5 тони нелегален алкохол во Варна

Нелегално производство на ракија во Бугарија/ Фото: БТВ/Принтскрин

Како потврда дека нелегалното печење ракија не е практика само во Бугарија се споменува и ланскиот случајот со маж на Косово кој се заканувал дека ќе скокне од покривот на куќата ако му запленат 42.000 литри ракија којашто ја продавал на црно.

Бугарските цариници во Варна заплениле вкупно 1.469 литри нелегален алкохол во рамки на акцијата спроведена на шест одделни адреси во текот на септември. Исто така, како што објави БТВ, во истиот регион биле демонтирани и три нерегистрирани објекти за производство на алкохол.

Нелегалниот алкохол е пронајден на приватни имоти и за него немало документи за платена акциза како што предвидува Законот за акцизи и даночни складишта.

Царинските службеници при една од контролите на 24 септември во гаража на територијата на општина Долгопол откриле 373 литри течност со карактеристики на етил алкохол во пластични туби. Истиот ден, на друга локација мобила царинска екипа на приватен имот открила нерегистриран објект за дестилација на етил алкохол, како и 117 литри етил алкохол во туби.

Во рамките на акцијата запленети се и 221 литар алкохол „со карактеристики“ на ракија. Во близина на Варна на приватен имот откриени се уште 267 литри етил алкохол и нелегален казан, а во друг случај, по оперативни сознанија за нелегална продажба откриени се туби и канистри со 491 литар „течност со жолта боја“ и мирис на етил алкохол.
Уште 267 литри етил алкохол и недозволен „котел“ се откриени во приватен имот во реон кај Варна, при заеднички преглед на 08.09.2023 година со учество на мобилна царинска група од Централното царинско одделение и вработени од Економска полиција при државната царинска служба Варна.

Бугарската царина потсетува дека засилената контрола против нерегулираното производство и трговија со алкохол од нејасно потекло е мерка за заштита и на потрошувачите и на легитимните мали производители на традиционална бугарска ракија за лична и семејна потрошувачка, приготвувана во регистрирани специјализирани мали дестилерии, согласно Законот за акцизи и даночни складишта.

Како потврда дека нелегалното печење ракија не е практика само во Бугарија се споменува и ланскиот случај со маж на Косово кој се заканувал дека ќе скокне од покривот на куќата ако му ја запленат ракијата која ја продавал на црно, па властите организирале акција да му ја одземат. Тогаш се работело за 42 илјади литри ракија. Кога дошле два камиона во кои требало да биде преточена ракијата сопственикот на куќата Срѓан Петровиќ се заврзал за столб во знак на протест, а неговиот син Милан се качил на покривот и се заканил дека ќе се фрли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот