АХВ ги редуцира средбите со странки и апелира на електронска комуникација

Одлуката е донесена со цел превенција и елиминирање на секоја можност од ширење на вирусот.

Во насока на почитување на препораките на Владата за превенција и спречување на ширењето на КОВИД-19, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) донесе одлука да го намали бројот на директни средби со странки и корисници на услугите.

Одлуката е донесена со цел превенција и елиминирање на секоја можност од ширење на вирусот.

-Сите странки кои имаат потреба за контакт со АХВ, тоа можат да го сторат на телефонскиот број 02 2457 895 секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот и преку електронското сандаче [email protected]. Им препорачуваме на сите корисници на услугите кои имаат потреба од достава на документи за мислење, да ги пратат во скенирана форма по електронски пат до релевантните сектори во нашата институција. Апелираме до нашите соработници и корисници на услугите, да ги почитуваат превентивните мерки кои ги донесе Владата и да сториме сé што е во наша можност за да го спречиме ширењето на КОВИД-19 во државава, соопштува Агенцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот