Ахмети за Мицкоски: Со мене нема да излезе на крај, тој не знае како се води држава

Али Ахмети, митунг Скопје Фото: Ахмети Фејсбук

Продолжуваат навредите и препукувањата помеѓу Мицкоски и Ахмети. Откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ му возврати на Ахмети дека ги преминал сите граници и дека се однесува примитивно, првиот човек на ДУИ вели дека не требало Мицкоски да се „фаќа со него, бидејќи немало да може да излезе на крај“. Ахмети објасни дека само му дал совет на Мицкоски бидејќи бил долги години во политиката. Тој се осврна на моментот кога Мицкоски наводно повикал, граѓаните да не гласаат за Европскиот фронт.

„Тој не требаше да ја започне оваа битка бидејќи со мене не може да излезе на крај, јас не сум го провоцирал туку сум кажал една вистина дека тој се уште нема ниту еден ден на чело на државата. Тој е седум години опозиција и тој не знае како се раководи државата, тој не знае како се градат институциите, ние сме држава и сносиме одговорност за раководење на државата, сносиме одговорност за да нема меѓуетнички разлики, сносиме одговорност да не повикуваме за да гласаат или да не гласаат против овој или оној. Народот е тој што одлучува и воопшто не е навреда за г. Христијан Мицковски туку е совет од еден човек кој има 22 годишно искуство во политичкиот организацискиот живот и водење на државата“, вели Ахмети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот