Ахмети: Билал Касами со обвинувањата против Теута Арифи да се обрати до институциите

Али Ахмети Фото: Драган Митрески

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети ги коментираше обвинувањата на актуелниот градоначалник на општина Тетово, Билал Касами, за злоупотреба на буџетот во оваа општина од страна на поранешната градоначалничка Теута Арифи.

– Ако господинот Билал Касами има аргументи за кои зборува, има институции, има тела кои можат да ги покренат овие прашања. Не би сакал прашања од дневната политика да добиваат политички терен, да оцрнуваат личности, да оцрнуваат политички партии да користат неаргументирани работи во правен процес, рече Ахмети.

Овие коментари Ахмети ги даде за време на неговото учество на настанот посветен на 14-годишнината од независноста на Косово што се одржа во Албанскиот театар во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот