Агентот на Шумахер тврди: Семејството девет години ја лаже јавноста

Михаел Шумахер успеа да освои седум титули во Ф1 кариерата/Фото: EPA/DIEGO AZUBEL

Поранешниот агент и пријател на Михаел Шумахер, Вили Вебер, го обвини неговото семејство дека девет години ја лаже јавноста за здравствената состојба на седумкратниот формула 1 шампион.

Легендарниот Формула 1 возач имаше тежок пад на главата на скијање во декември 2013 година и оттогаш се наоѓа во кома. Според семејството на Германецот, тој е многу лоша состојба и не може да зборува, но тие нашле начин како да комуницираат со него, но има и такви што не веруваат во ништо.

Сопругата Корина Шумахер само на мал број луѓе им дозволува да го посетат Шумахер и тие имаат забрана да зборуваат за актуелната состојба на Германецот.

Поранешниот менаџер на Михаел Шумахер, Вили Вебер, за италијанскиот весник „Газета дело Спорт“ рече дека верува дека Корина Шумахер, сопругата на Михаел, ја крие вистината за здравствената состојба на седумкратниот Ф1 шампион.

– Сто пати се обидов да стапам во контакт со Корина и таа не ми одговори. Дури му се јавив на неговиот пријател Жан Тод и го прашав дали можам да одам во болница, а тој ми рече да почекам бидејќи било се уште рано. Следниот ден кога се јавив, никој не ми одговори и се уште сум лут поради тоа. Се обидоа да ме оддалечат од Михаел велејќи дека е рано, но сега е доцна. Поминаа девет години, можеби треба да ја кажат вистината – рече Вебер.

Вебер и Шумахер почнаа да соработуваат во 1980-тите години кога Германеџот почна да вози во Формула 3. Вебер исто така вели дека сакал да ја сочува приватноста на семејството Шумахер, но…

– Оттогаш ги слушам само нивните лаги. По речиси десет години од несреќата, речиси и да нема официјални изјави за неговата состојба, додека повремено неговите блиски пријатели објавуваат некои информации. Со години по несреќата си велев дека не можам да ги променам работите, а Михаел ми беше како син. И денес ме боли кога зборувам за ова – додаде Вебер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот