Адеми: Имаме историска можност, граѓаните сакаат сплотување за европска иднина

Собраниска седница за уставните измени / Фото: Драган Митрески

Сите ние кои сме денес тука имаме историска одговорност да влееме надеж, а не да сееме страв. Да засадиме иднина и да ја откорнеме безперспектенивоста, порача координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми во неговото обраќање на собраниската седница за уставните измени.

– Граѓаните не сакаат поделби, туку сплотување за европска иднина, сакаат мир, и не сакаат да бидат со Русија и Истокот, туку со САД и Европа и таа слика покажува и докажува дека се за ЕУ и за подобар животен стандард, за интеграција, а не за изолација – порача Адеми.

За загриженоста на пратениците и партиите, тој посочи дека целосно ја разбира причината за загриженост, но уверува оти процесот за интегрирање ќе даде нова платформа со подобра заштита.

-Одлуката за уставните измени е во наши, ваши раце. Одлуката што ќе биде донесена ќе одлучува за понатаму, за нашата внатрешна работа, визија за иднината и стандардот, каде човекот не може да остане индиферентен – заклучи тој и порача заедно и рационално да продолжат понатаму бидејќи го заслужуваат членството.

Сиљановска: Патот за Брисел не смее да води преку Софија

Во моментов обраќање има пратеникот Кастриот Реџепи, а потоа ќе се обрати и координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески.

Седницата започна со задоцнување од повеќе од еден час, а пред почетокот имало координација на партиите при што било договорено на седницата да се обраќа по ецден, а другите пратеници да не се јавуваат за збор. Со 70 гласови „за“, 47 против и ниту еден воздржан на собраниската седница за уставните измени усвоен е предлогот на дневниот ред, односно точката за пристапување кон уставните измени.

Во Собранието почна процесот за уставните измени, не се знае како ќе заврши

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот