Абердин ја одби понудата од турскиот гигант Бешикташ за Миовски

фото: instagram.com/aberdeenfc

После интересот од премиерлигашот Саутемптон, сега и Бешикташ ја следи ситуацијата со македонскиот репрезентативец Бојан Миовски.

Нашиот играч сезонава е меѓу најдобрите стрелци во шкотската Премиер лига, членот на Абердин има 15 голови.

Еден од најголемите турски фудбалски клубови според „fotospor.com“ испрати официјална понуда за македонскиот напаѓач.

Шкотите не размислуваа многу и веднаш ја одбија понудата од Турците од 1,8 милион евра.

Миовски има важечки договор со Абердин до 31 мај 2026 година, а според „Трансфермаркт“ моментно вреди 1 милион евра.

ВИДЕО | Миовски не запира: Македонецот со 15. гол во сезоната херој на Абердин!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот