Абе не е единствениот политичар нападнат во Јапонија – врз неговиот дедо бил извршен атентат но тој преживеал

Шинзо Абе / Фото: ЕПА / Колаж: СП.
Шинзо Абе / Фото: ЕПА / Колаж: СП.

Поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе, кој почина откако беше застрелан додека држеше предизборен говор во градот Нара, не е единствениот јапонски политичар што е нападнат, иако вакви инциденти се ретки во повоената историја на земјата. Дедото на Шинзо Абе, кој беше и јапонски премиер, исто така беше жртва на атентат , но тој го преживеа нападот.

Дедото на Шинзо Абе по мајка и поранешен јапонски премиер Нобусуке Киши бил нападнат со нож пред неговата резиденција во 1960 година, а напаѓачот бил поврзан со десничарски групи. Мажот го прободел Киши шест пати во бутот, но тогашниот премиер преживеал бидејќи не му биле оштетени главните артерии.


Истата година, лидерот на Јапонската социјалистичка партија, Инеџиро Асанума, беше избоден до смрт на политички митинг од припадник на екстремната десница.

Три години подоцна, десничарска екстремистичка група ја запали куќата на министерот за градежништво Кон Ичиро.

Цел на нападите не беа само домашните политичари: во 1964 година американскиот амбасадор беше тешко повреден пред амбасадата во напад со нож. Напаѓачот бил млад Јапонец.

Во 1975 година, тогашниот премиер Мики Такео беше удрен во лицето од член на десничарска група додека чекаше да започне погребот на поранешниот премиер Сато Еисаку.

Во првиот од неколкуте напади врз политичарите во 1990 година, градоначалникот на Нагасаки Мотошима Хитоши беше тешко повреден откако беше застрелан од член на десничарска група.

Во 1992 година, вооружен маж го застрела тогашниот потпретседател на Либерално-демократската партија, Шин Канемара, додека тој држеше говор, но тој не беше повреден.

Друг обид за атентат се случи во 1994 година, кога десничарски екстремист го застрела тогашниот премиер Морохиро Хосокава, кој не беше повреден.

Последниот инцидент, пред нападот на Абе, беше снимен во 2006 година кога беа запалени канцеларијата и куќата на поранешниот генерален секретар на Либерално-демократската партија, Коичи Като.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот