АБА2: Пелистер со пресврт до победа против Шибенка

Фото: КФСМ

По продолжението од пет минути, Пелистер излезе како победник во дуелот со Шибенка (85:78). Долго време Пелистер ја бараше својата игра и ја бркаше високата негатива во средбата со хрватскиот претставник. Имаше шанса да победи во регуларните 40.минути, но екипата од Битола го направи тоа во дополнителни пет.

Неверојатна шутерска изведба имаа кошаркарите на Шибенка. Особено тоа се однесува на првите 15 минути од средбата во малата сала на СПЕНС во Нови Сад. Погодија дури осум, половина од нив беа дело на Американецот Фореман, а кои им донесоа и убедливо водство, прво од (36:21), нешто потоа и (41:26).

Тоа имаше сериозно влијание во играта на „пелистерци“, кои делуваа доста збунето во  тие моменти од натпреварот, за нив осми во сезоната во втората АБА лига.

Сепак, по тајм-аутот на тренерот Дарко Радуловиќ, „зелено-белите“ реализираа девет поени по ред, и негативата ја сведоа на едноцифрена (35:41). Оние, два по ре,д на неговиот колега од другата страна на теренот, не ја сопреа серијата на нашата екипа. До истекто на првото полувреме, погоди и Мијовиќ, по што беше јасно дека Пелистер се врати назад во натпреварот.

Одлично во тоа „враќање“, функционираше двоецот Маслинко-Планиниќ, кој искомбинира 23. од тие 37.поени за екипата од Битола.

Третиот период од играта не донесе апсолутно никакви промени, ни играчки уште помалку резултатски. По 30. минути игра, Шибенка го чуваше водството од полувремето, имаше (54:50).

На средината од последниот дел, Пелистер успеа во намерите – изедначи на (63:63). До крајот на мечот останаа уште 4:39 минути за игра.

Период во кој битолчани и поведоа, со (66:65) со поените на новакот Најт. Веќе во следниот напад Мијовиќ со својот 19.поен, зголеми и на (67:65). Но на 92. секунди пред крајот, следуваше резултатски егал – (67:67).

Нерешено беше и во последниот напад на „бело-зелените“. Шансата за победа, со неточен обид за тир поени, не ја искористи Најт. Па мораше да се игра продолжение од пет минути. Период во кој Планиниќ ја продолжи својата доминација, и му донесе многу важен триумф на својот тим кој ги остава во битката за првите осум позиции кои водат во доигрувањето.

Планиниќ го заврши натпреварот со импресивен дабл-дабл ефект изразен со 26.поени и 14.скока (и две асистенции), сосема добро одигра и Мијовиќ, кој освен 23.поени, но имаше и одлични осум асистенции, Костоски запиша 14, а Маслинко даде 12.

По осум одиграни мечеви во оваа регионална конкуренција, Пелистер има ефект (3-5), кој го остава на делба од 7.до 12.позиција на табелата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот