94-годишниот премиер на Малезија не планира да се откаже од функцијата

Фото: EPA-EFE/Noushad Thekkayil

Малезискиот премиер Махатхир Мухамад сугерираше дека би можел да остане на власт и по 2020 година, откако пред само четири дена вети дека ќе го отстапи лидерското место на својот наследник Анвар Ибрахим.

На прашањето на Доха-форумот во Катар дали ќе отстапи во 2020 година, најстариот светските премиер рече дека сака да ги реши сите проблеми кои ги оставила претходната влада пред оставката.

– Ветив дека ќе се повлечам откако ќе решам некои од главните проблеми кои ги остави претходната влада. Ветив дека ќе се повлечам и дека ќе го предадам раководството кое го именуваше коалицијата – рече Махатхир.

Махатхир (94) не рече кога има намера да ја отстапи од функцијата, пренесува „Кликс.ба“.

Во вторникот вети дека ќе ја предаде власта, воочи на новите обвинувања за сексуално вознемирување против него и дека би можел да биде подготвен тоа да го направи по самитот на земјите од Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕЦ) на кои Малезија ќе биде домаќин во ноември 2020 година.

На прашањето дали Анвар е најдобриот политичар кој може да го наследни на премиерското место и дали ќе го поддржи, Махатхир рече дека не може да гарантира за тоа кој е најдобриот човек поради претходните лоши искуства.

Махатхир во 2018 година неочекувано беше избран за челник на коалициската влада чија најголема партија ја води Анвар (72), кој двапати беше во затвор поради засебни точки за содомија и поради корупција – обвиненија за кои рече дека биле политички мотивирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот