82-годишник прегазил велосипедист во Куманово, со тешки повреди пренесен во болница

Полиција СТОП сообраќај сообраќајка
Полиција лента / Фото: Драган Митрески

Осумдесет и двегодишен возач прегазил велосипедист во Куманово, при што се здобил со тешки повреди констатирани во кумановската болница.

„На 05.11.2023 во 10.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на кружен тек од бул.„Октомвриска револуција“, бул.„Трета македонска ударна бригада“ и ул.„Благоја Богдановски Гуцман“ во Куманово, патничко возило „опел“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(82) од Куманово, удрило во велосипед управуван од Р.М.(66) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Општа болница Куманово“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот