Ердоган во пресрет на посетата на Сараево: БиХ е клучна земја во регионот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган / Фото: Youtube Screenshot akparti org tr

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пред да замине за БиХ, изјави државата е „клучна земја во регионот“.

Да потсетиме, Ердоган денеска доаѓа во официјална еднодневна посета на БиХ. Неговото пристигнување се очекува по 11 часот.

„Босна и Херцеговина со својата мултикултурна структура е земја на која и придаваме големо значење. Тоа е клучна земја во регионот“ рече Ердоган во обраќањето до печатот, пренесува Српскаинфо.

Тој додаде дека БиХ и Турција имаат длабока културна и историска поврзаност.

Ердоган во БиХ денеска треба да пристигне во БиХ со своето семејство и со околу 50 лица како лично обезбедување.

Ердоган утре во Босна, а потоа и во Црна Гора

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот