216 сообраќајни прекршоци во Скопје, 77 санкции за прекршоци што ги прават пешаците

Сообраќајна Полиција врши контрола на возила / Фото: "Слободен печат" - Драган Митрески

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 216 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 37 санкции, 77 мерки за прекршоци што ги прават пешаците,  14 санкции за возење без возачка дозвола.

Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон, пет мерки за возење под дејство на алкохол, четири санкции за возач почетник, шест санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), четири за технички неисправни и нерегистрирани возила, 44 за непрописно паркирање.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Во еден ден казнети 953 возачи за брзо возење

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот