
Ги откачи „сиромашните“ Словенци и „падна“ во прегратка на 24 години постариот Трамп: Првиот љубовен состанок не личел на бајка
Меланија Трамп во една прилика раскажа за првиот состанок со Доналд Трамп, и за тоа како ја запросил. Денес таа е повторно прва дама на САД, откако Доналд повторно победи на претседателските избори кои се одржаа неодамна, и по втор пат застана на чело на оваа светска сила.
Препорачано
Неговата животна сопатничка беше постојана поддршка во текот на целата кампања и беше негова најголема потпора, сепак малкумина знаат како започна нивната љубовна приказна.
Се запознале далечната 1998 година кога Трамп имал 52, а младата манекенка Меланија Кнавс 24 години, на забавата по повод модната недела во Њујорк. Во тоа време Трамп излегувал со друга жена, но ѝ рекол на Меланија дека таа врска е завршена и ѝ го побарал телефонскиот број. Таа одбила да му го даде својот, но го запишала неговиот, а потоа заминала и продолжила со животот, но не го заборавила.
View this post on Instagram
Приказната за првиот состанок со сопругот Доналд, Меланија ја раскажала и во својата книга.
„Отидов на Кариби, работев кампања за еден магазин, но не можев да престанам да мислам на него. Кога се вратив дома, му се јавив … Отидовме на првиот состанок, ако воопшто може така да се нарече. Беше некако помешано приватното со професионалното, и сега кога повеќе го познавам во потполност го разбирам. Тоа и личеше на него, тоа е тој. До некаде тоа ми се допадна дека и јас бев иста таква. Ми се допадна неговата визија, нашиот однос … Беше навистина посебно“ ја започна приказната Меланија.
Првиот состанок на Меланија и Доналд бил во автомобилот, тој ја одвел надвор од градот со цел да ѝ го покаже имотот кој го поседува.
„Бевме само ние двајца, сами во колата околу еден час, час и половина и немаше никој околу нас. Беше убаво, тој тогаш веќе беше позната личност. Не се вљубив веднаш во него, но осетив некој посебен однос. Се покажа како голем џентлмен“, додаде Меланија.
Тие се забавуваа шест години а потоа тој ја запроси. Во април 2004 година, на нејзиниот роденден Доналд „падна на колена“ пред убавата Меланија.
„Беше мој роденден, бевме дотерани, се беше волшебно“, истакна Меланија.
Нешто помалку од една година, на 22 јануари 2005 година застанаа на „лудиот камен“.
„Тој ден имав премногу обврски, но беше возбудливо, како и за секоја невеста. Мојата мајка од Словенија донесе свеќа која беше користена за моето крштевање, сè уште ја чувам. Но посебно интересно е дека сум крстена на денот на роденденот на мојот сопруг“, откри Меланија.