12 факти за тироидната жлезда што мора да ги знаете

Profimedia
Фото: Илустрација / Профимедиа

Тироидната жлезда го контролира отчукувањата на срцето, дишењето, главните органи и метаболизмот. Ова е причината зошто не треба да ја земате здраво за готово оваа мала жлезда во облик на пеперутка.

Еве што дефинитивно треба да знаете за штитната жлезда.

1. Тироидната жлезда е важен орган

Штитната жлезда директно или индиректно ја контролира речиси секоја функција во телото. На секоја клетка во нашето тело му е потребен хормон на тироидата, поради што е многу важно да се води сметка секогаш да имаме здрава и избалансирана количина на овој хормон во нашето тело.

2. Проблемите со тироидната жлезда влијаат врз целокупното здравје

Со голема моќ доаѓа голема одговорност, а тироидната жлезда не е исклучок. За жал, постојат многу начини на кои може да се наруши функцијата на оваа жлезда, како и голем број здравствени состојби кои спаѓаат во категоријата на болести на тироидната жлезда. Најпознати се хипотиреоидизам (неактивна тироидна жлезда), хипертироидизам (кога е прекумерно активна), Хашимото (автоимуно нарушување кое ја напаѓа тироидната жлезда, предизвикувајќи хипотироидизам) и Гравејсова болест (автоимуно нарушување што предизвикува хипертироидизам). Исто така, постојат и четири видови на карцином на тироидната жлезда: папиларен, фоликуларен, медуларен и анапластичен.

3. Крвните анализи не се секогаш доволни

Без разлика дали ги извршувате како дел од годишен систематски преглед или вашиот лекар ве упатил да ги направите заради сомнителни состојби, тестовите на крвта можат да откријат проблеми со тироидната жлезда. „Нормалните“ резултати, меѓутоа, не мора да значат дека сè е во ред со тироидата.

„Опсегот на штитната жлезда може да биде голем. Повеќето лекари тестираат само еден или два маркери, кога би требало да тестираат седум до девет маркери за целата тироидна жлезда. Дури и ако целиот панел изгледа нормално, можеби ќе биде потребен ултразвук на тироидната жлезда за да се открие проблемот“ , предупредуваат експертите.

4. Проблемите може да се јават во која било животна доба

Чест мит за здравјето на тироидната жлезда е дека само кај постарите жени се јавуваат проблеми со оваа жлезда. Факт е дека жени од сите возрасти страдаат од болести на тироидната жлезда. Ризикот особено расте за време на пубертетот, бременоста, породувањето и перименопаузата.

5. Симптомите на хипертироидизам варираат од пациент до пациент

Кога тироидната жлезда произведува премногу хормон, тоа може да резултира во хипертироидизам. Лекарите тоа го опишуваат како чувство дека постојано да итате 100 километри на час.
Симптомите вклучуваат чувство на вознемиреност, видливо треперење или тресење одвнатре, несоница, повеќекратни столици во текот на денот, слабеење со зголемен апетит, прекумерна топлина и потење, како и неуредни менструации.

6. Хипотироидизмот влијае на нивото на енергија и на други состојби

На спротивниот крај на спектарот е хипотиреоидизам – состојба во која тироидната жлезда е недоволно активна.

Луѓето кои страдаат од хипотиреоидизам ќе ги забележат следниве симптоми: постојано чувство на замор, сонливост и отеченост, запек, промени во косата и ноктите, чувство на студ, депресија, ментална бавност, забавено работење на срцето …

7. Опаѓа квалитетот на животот

Без соодветен третман, најтешките форми на хипотироидизам и хипертироидизам можат да бидат опасни по живот. Но, дури и поблагите проблеми можат го нарушувааат вашиот секојдневен живот.
„Луѓето кои имаат неактивен тироидната жлезда која не се лекува може да имаат недостаток на енергија и ментална будност“, велат лекарите, истакнувајќи дека тоа може да биде особено проблематично на работа. „Жените со хипотироидизам или хипертироидизам може да имаат проблем со неплодноста“.

8. Рамнотежата е клучна

Кога лекарот ќе дијагностицира на пациент нарушување на тироидната жлезда, веројатно ќе препише лекови кои промовираат хормонална рамнотежа. Постојат и дополнителни начини за поддршка на тироидната жлезда, а овие вклучуваат промени во навиките на животниот стил. Ова првенствено се однесува на усвојување на здрави навики во исхраната и редовно вежбање, но и за избегнување на стрес, време за одмор во текот на денот итн.

9. Она сте што го јадете

Исхраната игра голема улога кога станува збор за воспалителни процеси што настануваат во организмот. Многу проблеми со тироидната жлезда се резултат на воспалителните состојби, така што правилната исхрана за поддршка на тироидната жлезда е исклучително важна.

„Деведесет и седум отсто од проблемите со тироидната жлезда се автоимуни, а повеќето од имунолошкиот систем се наоѓаат во цревата. Ова е причината зошто грижата за дигестивниот тракт има предност кога станува збор за природни методи за зачувување на тироидната жлезда“, велат експертите.

10. Селенот е клучен за нормална функција на тироидната жлезда

Тироидната жлезда е орган со најголема количина на селен по грам на ткиво. Оваа микро хранлива матетија помага во заштитата од болести и исто така го поддржува и метаболизмот на тироидните хормони. Главните извори на селен во исхраната се лебот, житарките од цели зрна, црвеното месо, живината, туната и јајцата.

11. Пристапот во лекувањето на ракот на тироидата се менува

Од 1975 година, стапката на заболување од рак на тироидната жлезда е тројно поголема. Денес, лекарите се обидуваат да ги лекуваат пациенти со помалку инвазивни третмани, што значи дека нема да му кажат на секој пациент дека треба да ја отстранат целата жлезда. Кај помалите тумори, тие се повеќе склони кон пристапот на „буден надзор“, што подразбира следење дали туморот ќе стане поголем за да се утврди дали е потребна операција.

12. Скринингот за рак на тироидната жлезда не секогаш се препорачува

Иако можеме да се согласиме дека сме среќни што живееме во време кога ни се достапни различни методи на снимање, како што се КТ и ултразвук, тука се крие и ризикот од преддијагностицирање затоа што, благодарение на напредната технологија, лекарите пронаоѓаат повеќе мали јазли.

Откако ќе се најде јазол, потребно е да се реши, што може да бара биопсија. Меѓутоа, ако има нодули (јазли), но покрај нив кај возрасни лица нема вообичаени симптоми што укажуваат на одредена болест, скринингот не мора секогаш да биде решението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот