Голема е веројатноста Нејмар да остане во Париз
Таткото на Нејмар кој воедно е и менаџер на бразилскиот репрезентативец, Нејмар сениор откри дека неговиот син нема намера да си замине од ПСЖ летово.
Нејмар сениор во интерју за „УОЛ Еспорте“ откри дека започнал преговори со ПСЖ за потпишување на нов договор со францускиот шампион.
– Нејмар е во втората година од договорот со клубот, така да му преостануваат уште три, а веќе започнавме преговори со ПСЖ за продолжување на верноста. Неговото име се поврзува со трансфер во најголемите клубови уште од неговата 17. Година, а досега во кариерата направи само два трансфери. Од Сантос се пресели во Барселона и потоа дојде во ПСЖ. Веројатноста дека ќе остане во Париз е голема – изјави Нејмар сениор.
Бразилецот во последно време е поврзуван со неколку фудбалски гиганти, највеќе со Реал Мадрид кој по враќањето на Зинедин Зидан на клупата се откажа од негов ангажман, но француските медиуми шпекулираат дека Манчестер јунајтед е подготвен да плати помеѓу 300 и 350 милиони евра како обесштетување.