Експертка за патување откри зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Фото: Wikimedia Commons

Изборот на седиште во авионот изгледа како сосема банална работа, но токму од тоа на кое место сте сместени зависи колку ќе ви биде удобно патувањето.

Експертите за патувања воопшто не го препорачуваат седиштето 11A, а еве и зошто.

Искусните патници се добро упатени кога станува збор за патување со авион – тие секогаш знаат каде е најдобро да го ставите својот рачен багаж, на кои места најмалку се чувствуваат турбуленции, како и од кое седиште можете да направите најубави фотографии за на Инстаграм.

Фото: Tove Liu Pexels

Сепак, кога станува збор за подолги летови, удобноста е она што ја игра најважната улога. Токму затоа, едно седиште во авионот никогаш не треба да резервирате, бидејќи постојат големи шанси вашиот неколкучасовен лет да се претвори во кошмар.

Седиштето 11А е најлошото седиште во авионот

Според зборовите на експертката Брена Рајан, седиштето 11А е дефинитивно седиштето на кое летот ќе биде најмалку удобен, бидејќи се наоѓа до „ѕидот“ на авионот, а не до преминот, а воедно е и далеку од тоалетот. За патници кои консумираат многу течности на летот, па затоа почесто стануваат за да одат во тоалет, во никој случај не е добар избор.

Освен тоа, доколку сакате да фотографирате зајдисонце, исто така никогаш не треба да го избирате ова седиште, бидејќи нема прозорци. Наместо да гледате во небото, целиот лет ќе го поминете гледајќи во задниот дел од главата на патникот пред вас или во „ѕидот“ на авионот, изјавила Рајан за порталот „Експрес“.

Фото: Rawpixel

Седиштето 4Ц е можеби најдобриот избор

Според истражувањата, најдоброто седиште во авионот е седиштето 4Ц. Според зборовите на експертите, тоа се наоѓа веднаш до преминот, доволно е блиску до тоалетот, но не премногу, па кога вратата е отворена не допираат непријатни мириси до патниците. Ова место е и за нијанса попространо, па патувањето, особено долгото, е многу поудобно.

Освен тоа, имајќи предвид дека се наоѓа поблиску до излезната врата, патниците кои седат на ова седиште се меѓу првите кои излегуваат од авионот, што е особено важно за оние кои брзаат да фатат друг лет.

Можеби нема да имате фотографии за на Инстаграм,, но барем самото патување ќе ви остане убаво сеќавање, бидејќи нема да се грчите во седечка положба и нема да мора да „висите“ во редот за тоалет во случај на итност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот