Зошто бетонот е толку опасен за Земјата?

Цемент/ Фото. EPA-EFE/Martin Alipaz ACOMPAÑA CRÓNICA: BOLIVIA MEDIOAMBIENTE

Да беше конкретна држава, цементот ќе беше трет најголем емитер на стакленички гасови во светот, по Кина и САД, пишува Ројтерс. 

Зошто овој материјал, клучен за градежните работи, е толку штетен за планетата? 

Цементот е најкористениот материјал во светот затоа што секоја секунда се користи за производство на бетон во просек по 150 тони, а во светот се излеваат околу 14 милијарди кубни метри годишно.

Само производството на цемент сочинува седум отсто од глобалните емисии на јаглерод диоксид, три пати повеќе од, на пример, воздушниот транспорт.

„Тоа е повеќе од сите емисии на Европската Унија или Индија, само малку помалку од Кина и САД“, рече Валери Масон-Делмот, член на Меѓувладиниот панел на ОН за климатски промени.

Со оглед на ширењето на урбанизацијата во Африка и Азија, може да се очекува дека употребата на овој елементарен градежен материјал само ќе расте.

Цементот е градежен материјал кој го претвора каменот во бетон. Примарно се добива со отпуштање на лапор и варовник во ситен прав. Кога се загрева, јаглеродниот диоксид се произведува во печките. Паралелно со производството на еден тон цемент, се произведува и приближно еден тон јаглерод диоксид. 

Како да се намалат емисиите?  

Индустријата за производство на бетон сака да биде јаглеродно неутрална до 2050-та година и да ги намали постоечките емисии за една третина до 2030-та година. Тоа ќе и заштеди на планетата пет милијарди тони јаглерод диоксид до крајот на деценијата.  

Се предлагаат промени како рециклирање на стариот бетон и замена на јаглеводородите во печките со биогорива. Големите погони заостануваат, но од друга страна, неколку компании смислија нови начини за намалување на емисиите.  

Американската компанија „Solidia“ планира да го „зароби“ ослободениот CO2 и да го искористи за сушење на бетонската смеса, со што би се намалила употребата на вода потребна во производството. Канадскиот „CarbonCure“ истражува како да инјектира течен CO2 во бетонот и да го складира таму.  

И можеби најважното – индустријата истражува како да развие „зелен“ цемент, направен од рециклирани материјали.  

Во Британија веќе се произведуваат 26 отсто од цементот, а во Франција веќе следната година ќе се применуваат новите правила за ограничување на употребата на јаглерод во градежништвото. 

Дали зелениот цемент е иднината?

Како што сега стојат работите, најголем дел од зелениот цемент го произведуваат нови производители, а традиционалните велат дека ќе им треба време да ја модернизираат постојната механизација.

Една таква компанија, „Hoffman Green Cement“, произведува цемент во Франција од индустриски отпад и летечка пепел, нуспроизвод од согорувањето на јаглен.

И иако е поскапо за 25 евра по квадрат, побарувачката е голема, вели основачот на компанијата Џулиен Бланшар.

„Цементарната индустрија планира да ги елиминира своите емисии до 2050 година. Со нашите напредни решенија, можеме да започнеме веднаш“ вели тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот