ЗНМ со пријава до МВР за заканите по живот кон Џабир Дерала

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) поднесе пријава до надлежниот сектор на Министерството за внатрешни работи во врска со директна закана по живот кон основачот на Цивил медиа, Џабир Дерала.

Пријавата следи по директната закана кон Дерала во форма на комента на негова објавена колумна на официјалната Фејсбук страница на „Нова ТВ веб“ каде што профил со име Александар Антиќ напишал коментар: „Биди видлив гнидо, куршумот кај и да е ќе те стигне“.

ЗНМ, како што пишува во соопштението, стапи во комуникација со контакт лицето во МВР задолжено за напади врз новинари, каде што го пријави случајот, а пријавата е истовремено адресирана и до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР.

„Укажуваме дека заканите по живот се кривични дела опфатени во Кривичниот законик за што е предвидена затворска казна за сторителите, а МВР и ОЈО, треба веднаш да ги истражат и процесираат со цел да ги казнат оние кои го прекршуваат законот, но и да превенираат евентуални вакви кривични дела во иднина.

Потсетуваме дека за случаи каде што има експлицитни закани по безбедноста на новинарите и медиумските работници ЗНМ и МВР имаат протокол за соработка каде што се дефинирани практичните чекори како новинарите да постапат кога ќе бидат предмет на закана преку социјалните мрежи и, воопшто на интернет, преку проактивна вклученост на МВР во заштита на медиумските работници“, соопшти ЗНМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот