Фото: ЗНАМ

ЗНАМ бара од Герасимовски одговорност за случајот со шприцот во градинката „13 Ноември“

ЗНАМ денеска остро реагираше по повод скандалот во скопската градинка „13 Ноември“ во Центар, каде што деца во дворот пронашле употребен шприц.

— Фрапирани сме од случувањата во детската градинка „13 Ноември“. Тоа што се случило таму е нешто што ниеден родител не сака да си го замисли, а уште помалку да го доживее за своето најмило. Ова е повеќе од скандал, ова е вистинска закана и директна опасност по животот и здравјето на децата. Замислете, деца во градинката „13 Ноември“ нашле употребен наркомански шприц во дворот каде што постојано си играле. Наместо топка, наместо играчки,
го држеле шприцот, си го разменувале шприцот, ја кршеле иглата и најстрашно, се гребеле и боцкале едни со други. Каков шок е тоа за едно семејство — изјави портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов.

Тој додаде дека родителите наместо грижа добиле страв, неизвесност и траума, а наместо раководството на градинката и општината Центар под чија надлежност се градинките, веднаш да реагираат, вели тој, место да излезат со објаснување и со план за заштита, родителите добиваат закани да молчат и да не зборуваат за случајот.

— Дали молкот е поважен од здравјето на децата? Господине градоначалник на Центар, дали децата во градинките се препуштени сами на себе? Дали дворот на градинката „13 Ноември“ е безбедно место за игра или ризична зона каде што децата може да најдат наркомански шприцеви? Дали е точно дека на родителите им било кажано да молчат и да не зборуваат јавно за случајот? Дали безбедноста и здравјето на децата ви се приоритет или сѐ додека не се случи
нестеќа, ќе останеме неми сведоци на вашето неисполнување на обврските? Градинката треба да биде втор дом на децата, а не место на страв и опасност. Родителите ја доверуваат најголемата своја светост, своите деца, и имаат право да бидат сигурни дека тие се безбедни — посочи Мемов.

Тој додаде дека Случајот во градинката во Скопје не е изолиран инцидент, туку аларм дека системот во Општина Центар не функционира, се игра со здравјето на децата и дека институциите молчат кога треба да обезбедат заштита, хигиена и безбедност.

Мемов потоа најави дека ЗНАМ ќе бара одговорност за случајот и дека ќе инсистира на подобрување на условите, безбедносните мерки и на редовни контроли во сите градинки, „за да не се повторат никогаш повеќе вакви скандали, бидејќи за децата нема компромиси“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот