„Златна Олимпија“: Доделени наградите во 10 категории за најуспешните жени во спортот

манифестација златна олимпија
„Златна Олимпија“, манифестација посветена на половата рамноправност во спортот/Фото: facebook.com/makedonskiolimpiskikomitet.mok/

Во понеделникот на 20 декември, во присуство на претставниците на националните спортски федерации, амбасадори на САД и ОБСЕ, директорот на Агенцијата за млади и спорт, високо образовните институции, голем број на спортисти и спортски адмнистративци, Олимпискиот Комитет на Северна Македонија ја организираше манифестацијата „Златна Олимпија“, манифестација посветена на половата рамноправност во спортот.

Каратистката Пулексенија Јовановска, која настапи на Олимписките Игри во Токио 2020 и го освои деветтото место е добитник на наградата најдобра спортистка. Наградата за животно дело во спортот го доби Наташа Мешковска, учесничка на четири Олимпијади, на две како натпреварувачка (ОИ1992 и ОИ 1996) и на две како дел од тренерскиот тим, учесничка на 6 Светски првенства,10 место на СП 1995 во Рио на 200 м. пеперутка, сребрен и бронзен медал во Светскиот Куп, повеќекратна државна рекордерка.

Миа Блажевска Еминова е прогласена за најнадежна млада спортистка. Миа има забележано повеќе од 50 национални рекорди и е повеќекратен национален шампион на нашата држава, а таа на Олимписките игри во Токио на 100 метри го постави својот личен рекорд во слободен стил.

Александра Војневска Зикова е прогласена за најдобар тренер. Под нејзино водство Дрита Ислами годинава го истрча најдобриот резултат во оваа дисциплина и го подобри државниот рекорд.

Најдобра спортистка во индивидуалните спортови е Мери Акиевска, која освои четири златни медали на Светското првенство во бодибилдинг оваа година, додека пак Сара Ристовска е прогласена за број еден спортист во екипните спортови. Македонската репрезентативка беше учесник на завршниот Фајнал фор турнир во Лигата на шампионите со ЦСКА Москва.

Специјална Олимпијада Македонија која беше дел од Светско првенство во Грац, Австрија и го освои второто место во модерни латино-танци ја понесе статуетката „Златна Олимпија”.

Цветанка Макароски, претседател на лизгачка федерација на Северна Македонија ја доби титулата “Најуспешна спортска менаџерка”. Плакета “Придонес за успешен спортски настан” беше доделена на Гордана Николовска. „Златна Олимпија“ доби и Ирина Дишовска за спортски подвиг 2021.

За најуспешна репрезентација прогласена е Kадетска репрезентација ракомет која го освои првото место ЕХФ шампионат во Литванија за ракометарки до 17 години. Прв ваков забележителен успех во младинските категории на македонската женска ракометна репрезентација.

Со триумфот на ЕХФ шампионатот во Литванија, македонската репрезентација обезбеди пласман на наредните Европски шампионати за кадетки (У17) и за младинки(У19).

Доделена беше и награда за спортска новинарка со најголем придонес за спортот во 2021 година, а добитник е Билјана Благоеска од Порталот 24 ракомет. Плакета “Придонес за родова еднаквост во спорт” ја доби Уранија Пировска.

Жирито на овој спортски настан го сочинуваа спортски новинари, Марија Ковачева, Билјана Благоеска, Наташа Станчиќ, Ирена Андреевска, Aнгела Рајчевска, Влатко Арсов и Весна Николовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот