Ѕирнете во неверојатниот плакар на Софија Вергара! (ВИДЕО)

Profimedia

Како многу други познати личности кои во своите домови имаат огромни пространи гардеробери, така ниту Софија Вергара не одолеа да не си направи свој дел каде ќе биде целото нејзино „богатство“. Колубиската актерка и ѕвезда на „Модерно семејство“, на друштвените мрежи го покажа одмилениот дел во луксузниот дом.

Додека се снимаше во шарен комбинизон и високи потпетици кои се нејзината модна слабост, многумина се загледаа во позадината.

Прегледно наместена гардероба на полиците, ѕидови украсени во сребрени тонови, прекрасни декорации низ собата – совршениот плакар!

Актерката во просторијата има и големо огледало, но и кристален лустер кој на целата соба ѝ додава доза гламур. Покрај огледалото на полиците можат да се видат уредно сложените дизајнерски чевли од Кристијан Лабутен. Вергара поседува цела колекција од овие скапоцени чевли со фамозниот црвен ѓон.

View this post on Instagram

Good night! ???? #islandlife ?

A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara) on

На видеото можат да се забележат и кожните Хермес чанти, кои секоја љубителка на модата ги посакува во својот плакар, а оваа славна актерка ги има во изобилство.

Дали и вам ви се допаѓа плакарот на Софија?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот