Жителите на Риека со автобуси ќе ги возат Непалци и Индијци

Илустрација автобуси/ Архива

Риечкото комунално претпријатие „Аутотролеј“ ќе вработи 20 странски работници од Непал и Индија, кои од крајот на февруари ќе почнат да работат како возачи на автобуси во јавниот градски превоз во Риека, дознава „Аутотролеј“, објави Пословни дневник.

Првите десет возачи од Непал и Индија треба да почнат со работа до крајот на февруари, а уште десет се очекуваат во текот на март и април, потврди за Хина, Кристина Пријиќ. Работниците од странство пред да започнат со работа ќе полагаат основен курс по англиски и хрватски јазик, прво ќе возат автобуси на помалку тешки градски линии, во првата градска зона и секој ќе има ментор. Сместувањето и оброците за странските работници ќе ги обезбедува агенцијата која посредувала за вработување на странски работници.

Пријиќ рече дека проблемот со недостигот на возачи во јавниот градски превоз во Риека, кој го оптоварува работењето на „Аутотролеј“ од 2021 година, се обидува да се реши преку постојано отворени јавни тендери, но и преку воведување странски работници. Ние нуди преквалификација на возачите и нивно вработување преку јавни тендери, но одговорот на локалните работници не е доволен за да се обезбеди целосна услуга на јавниот градски и приградски превоз, додаде Пријиќ, пренесува Даница хр.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот