esa.int

„Жежок Јупитер“: Егзопланета која би можела металот да го претвори во гас

Астрономите детално проучиле една од најжешките досега откриени егзопланети, која ја нарекле „жежок Јупитер“ и притоа откриле дека на некои делови од планетата температурата е толку висока што би можела да претвори метал во гас.

esa.int

Егзопланетата ја набљудувал сателит на Европската вселенска агенција.

Од Земјата е оддалечена околу 326 светлосни години, а откриено е дека на нејзината површина температурата достигнува 3.200 степени Целзиусови.

Иако ни приближно не е жешка како Сонцето, таа е една од најекстремните откриени планети.

Астрофизичарите укажуваат дека е 1,6 пати поголема од Јупитер, а орбитира околу својата матична ѕвезда на секои 2,7 дена.

„Потребни ѝ се помалку од три дена да заобиколи околу својата ѕвезда, која 20 пати ѝ е поблиска отколку Земјата до Сонцето“, изјави Моника Лендл, астрофизичар од Универзитетот во Женева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот