Жените во ЕУ се платени за 13% помалку од мажите за истата работа

Протест во Франција за правата на жените / Фото EPA-EFE/SARAH YENESEL

Жените во Европската унија се платени во просек за 13 отсто помалку од мажите кои вршат иста работа и покрај тоа што имаат право на еднаква плата според правото на ЕУ, објави денеска Европската комисија.

„Еднаква плата за иста работа или работа со еднаква вредност е еден од основните принципи на ЕУ. Тоа беше наведено во Римскиот договор во 1957 година. Сепак, напредокот во затворањето на родовиот јаз во платите стагнира оваа година и е бавен со години“, се вели во соопштението на Комисијата.

За да помогне во справувањето со проблемот, Комисијата ја издаде Директивата за транспарентност на плаќањата, која стапи на сила на почетокот на јуни.

Директивата, закон на ЕУ, ја поставува рамката за примена на идејата за „работа со еднаква вредност“ и споредбените критериуми кои вклучуваат вештини, труд, одговорност и работни услови.

Целта на директивата е да им помогне на работниците да ја препознаат и да се спротивстават на дискриминацијата на платите. Но, сега треба да се транспонира во националните закони, за што 27-те земји на ЕУ имаат три години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот