„Жените многу ни пијат, затоа наталитетот ни е низок“: Контроверзна изјава на лидерот на полската владејачка партија

арослав Качински
Јарослав Качински/ Фото EPA-EFE/WOJCIECH OLKUSNIK

Изјавата на Јарослав Качински, шеф на владејачката партија Право и правда (ПиС), ја инзервира полската јавност, откако тој рече дека причина за нискиот наталитет е тоа што жените пијат, пишува ДПА. Опозицијата најави дека ќе поднесе официјална претставка до Етичката комисија во Собранието.

Просечната стапка на наталитет во Полска во 2020 година беше 1,4 деца по жена. Во Германија е 1,5, а во Франција 1,8.

-Доколку девојките, младите жени, пиеја како нивните врсници до 25 години, тогаш немаше да има повеќе деца – изјави 73-годишниот политичар, пренесе ПАП.

Качински исто така тврдеше дека мажите можат да пијат прекумерно 20 години, а жените само две години, за да се сметаат за алкохоличари. Левичарскиот политичар Роберт Бидрон ги нарече овие изјави „срамни“.

Сопругата на полската фудбалска ѕвезда Роберт Левандовски, Ана Левандовски, на Фејсбук му одговори: „Доста е! Ме лути кога гледам како политичарите неосновано ги обвинуваат жените наместо да ги решаваат вистинските проблеми“.

Фитнес тренерката Ева Чодаковска, една од најпознатите инфлуенсери во Полска, изјави дека ова е „врвот на омразата“ кон жените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот