Жена во САД тужи стоматолог, тврди дека ѝ ставил 20 пломби одеднаш

Стоматолог илустрација / Фото Архива на СП

Кетлин Вилсон од Минесота го тужи својот стоматолог, д-р Кевин Молдрем, за несовесно работење, велејќи дека стоматологот ја „изобличил“.

Жената тврди дека стоматологот Кевин Молдрем при еден преглед и направил околу 30 интервенции. Вилсон вели дека ѝ ставил 20 пломби. Сè, како што тврди, се случило за време на посетата во јули 2020 година.

Покрај тоа, се тврди и дека користел многу повеќе анестезија од вообичаено.

Адвокатот на тужителот, Натаниел Вајмер, го ангажирал Аврум Голдстајн, стоматолог од Универзитетот во Флорида, како вештак. Тој тврди дека бил извршен погрешен третман.

Вилсон, која тврди дека претрпела болка и срам, бара отштета од повеќе од 50.000 долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот