Жена се дерела пред затворот во Шутка и му се заканувала на Есад Рахиќ

Фото: Слободен печат/ Арбнора Мемети

Полициски службеници привеле жена која денеска го нарушила јавниот ред и мир пред затворот во Шуто Оризари. Според информации од полицијата, жената се дерела пред портите на затворот и упатувала закани кон директорот Есад Рахиќ.

Од МВР велат дека жената си заминала, по што биле преземени мерки за да биде приведена во станица за натамошна постапка.

Приведената е во полициска станица на распит, а од полицијата велат дека се работи на расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот