Жена од Тескас тешко повредена откако јастреб летајќи ѝ фрлил змија

Јастреб / Фото: Svetlana Foote / Alamy / Alamy / Profimedia

Жена од Тексас била нападната од јастреб и змија во исто време, откако птицата – која јаде змии – случајно ја испуштила змијата, што претходно ја уловила, врз неа. Пеги Џонс (64) го косела својот тревник минатиот месец кога јастреб и фрлил змија пред да се спушти надолу за да се обиде луто да си го врати оброкот.

Змијата се завиткала околу нејзината рака и почнала да ја удира по лицето додека птицата ги забила своите канџи длабоко во влекачот. Страшното искушение ја оставила жената со исеченици и модринки на раката и лицето.

Бизарниот инцидент се случил на 25 јули во градот Силсби, Тексас, во близина на границата со Луизијана. Сѐ започнало откако змијата одеднаш паднала од небото и слетала врз неа. Пред да ја отстрани, започнал нападот од страна на јастребот.

„Додека се обидував да ја откачам змијата, таа ми се обви околу раката. Змијата ми удираше во лице, ми удри неколку пати во очилата“, изјави таа за Си-Би-Ес.

Таа сфатила дека змијата била фрлена од птица во небото, бидејќи не стоела под дрвјата кога се случил нападот. Нејзината претпоставка била брзо потврдена кога јастребот се спуштил и се приклучил во инцидентот.

„Тогаш јастребот се појави исто толку брзо како што се појави змијата. Јастребот ја зграпчи змијата што беше завиткана околу мојата рака и ја повлече како да сакаше да ја однесе. И кога го стори тоа, ми ја фрли раката нагоре“, рече Џонс.

Јастребот се борел да ја отстрани змијата од телото на Џонс, удирајќи ја со канџите постојано додека се обидувала да и ја одземе храната. На крајот змијата била извлечена од нејзината рака, оставајќи го нејзиниот изненаден сопруг да ја одвезе во болница.

Џонс го опиша нападот како сериозно трауматичен, додавајќи дека мислела дека ќе умре и има проблеми со спиењето откако се случил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот