Жена од Свети Николе уапсена откако се обидела да внесе дрога во штипскиот затвор

Затворот во Штип Фото: МИА

44-годишна жена од Свети Николе вчера била уапсена при обид да внесе прашкаста материја во затворот во Штип, каде одела во посета на осуденик, соопшти МВР. Уште една жена е приведена во врска со случајот, додаваат од полицијата.

„На 30.09.2021, полициски службеници од Полициската станица Штип ја лишиле од слобода Б.М.(44) од Свети Николе, затоа што околу 13.00 часот во Казнено – поправната установа Затвор Штип се обидела да внесе пакет со храна на осудено лице, во кој имало прашкаста материја, која била пронајдена при претрес од затворската полиција. Во врска со настанот, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода и В.К.(46) од Штип. При претрес во нејзиниот дом и помошни простории во Штип, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана. Пронајдените прашкаста материја и марихуана се одземени, а во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, против Б.М. и В.К. ќе биде поднесена соодветна пријава“, се вели во полициското соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот