Зголемување на водостојот на Охридското Езеро

Фото: mia.mk

По првичното зголемување за два сантиметра од пред два дена, денеска повторно е зголемен водостојот на Охридското Езеро но сега за еден сантиметар, додека нивоата на останатите две природни езера се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Сепак, и покрај тоа водостојот на Охридското Езеро е за девет сантиметри понизок од повеќегодишниот просек за февруари. Пониско од просечното и тоа за 1,63 метри е и нивото на Преспанското Езеро и е на три сантиметри под апсолутниот минимум од 842,25 (мнм). Водостојот, пак, на Дојранското Езеро е за 2,89 метри повисок од просекот за овој период од годината.

Пониски од просечните се и нивоата на речиси сите реки во земјава. Исклучок се реките Пчиња, на мерното место кај Катлановска Бања, Бабуна кај Богомила и Струмица кај Сушево каде водостојот е малку повисок од просечниот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот