Зголемена популацијата на бенгалскиот тигар во Непал, но и нивните напади врз луѓето

Тигар/ Фото EPA-EFE/M.A.PUSHPA KUMARA

Популацијата на тигрите во Непал за три пати се зголеми во последните 12 години, соопшти премиерот на земјата. Но, загрижувачки е фактот што се зголемува бројот на луѓе кои се жртви на напади на овие опасни животни, пишува „Гардијан“.

Од најниското ниво од 2010 година, кога во земјата имаше само 121 тигар, популацијата на бенгалскиот тигар се зголеми на 355, се вели во последниот извештај, споделен од страна на премиерот на Непал, Шер Бахадур Деуба. Денеска се одбележува Светскиот ден на тигарот.

Непал, заедно со соседна Индија, започнаа кампања за зголемување на бројот на овој вид диви мачки во националните паркови.

Во 2010 година, тогашната влада вети дека двојно ќе го зголеми бројот на тигри во Непал.

Но, во последно време многу жители на Непал се жалат поради честите напади на тигрите врз населението. Многумина кои живеат во близина на шумите стравуваат од напади на тигрите.

Во последниве три години се пријавени 104 напади од тигри врз луѓе во безбедните зони. Во тоа време 62 починале како резултат на напад од страна на дивата мачка. Жителите најчесто се напаѓани додека работат на нивните ниви или додека собираат храна од шумата.

„Луѓето сега сретнуваат тигри насекаде, па бројот на луѓе кои загинуваат во борба со нив расте. Ова значи дека популацијата на тигрите го достигна врвот во Непал. Ние сме мала земја“ вели Шив Раж Бата, директор на компанијата WWF Nepal.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот